Wednesday, March 16, 2011
Изглед: * поранешен спортист (Кога бев мал играв ластик. Сега се здебелив.) * дефинирано тело (Ми се бројат ребрата.) * нормално граден (Хомер Симпсон) * крупен (дебел) * мускулест (убаво распоредено сало) * зрел дечко (50 и нагоре) * млад во срцето (70 и нагоре) * 29 (34) * 39 (45) * 49 (56) * Возраста не е битна. (Барам исклучиво 20 години помлади од мене и доколку ти е тоа проблем, површен си и дискриминираш.) * осамен (депресивен) * дискретен (оженет) * str8-acting (исфрустрирана педерчина) * мажествен (Имав тешко детство.) * фем (транс) * нешто сосема поинакво (не сакаш да знаеш) Секс: * 20cm (17cm) * 18cm (16cm) * XL (15cm) * надарен (14cm) * издржлив (Тешко свршувам.) * потентен (Брзо свршувам.) * уни/актив (пасив) * уни (пасив) * стрејт (пасив) * бисексуалец (геј, но се фолирам пред околината) * бисексуалец, но преферирам машки (геј, но кога имав 17 години вкусив и пичка. Nevermore.) * Пасив сум само кога сум заљубен во дечкото (кој било дечко со голем кур) * повелете на добар ѕехххх (земете си бројче, застанете на редица и не заборавајте фискална на одење) * STOP за феминизирани (Talk to the hand, феминизирани.) * со сопствен стан (Мама и тато имаат фирма.) * со сопствен ексклузивен стан (Јас сум Зоки Кавали.) Што барам: * Барам секс без обврски (Испуши ми го и да те нема) * Барам дискретен секс без обврски. (Испуши ми го во кола и да те нема.) * Барам стабилна врска, но немам ништо против забава успут. (Ќе се ебам со кој стигнам, додека не успеам да најдам редовен ебач.) * Барам вистински мажи, педери прескокнете ме. (Се мразам себеси.) * Барам стабилна личност која не гледа на минатото. (Се имам изебано со пола град и тоа е јавна информација.) * Тука сум за пријателство или нешто повеќе. (Ако не ме палиш, ќе ти предложам да останеме пријатели и ќе те блокирам на мсн засекогаш.) * Не сум овде за секс. (Овде сум за секс.) * Барам сродни души. (Ми се ебе.) * Барам сродни души, иако знам дека тука нема да најдам такви. (Ми се ебе ми се плаче.) * Тука сум само да разгледувам. (Тука сум да дркам, бидејќи за повеќе не ми стиска.) * Многу сум дарежлив кон моите пријатели. (Ќе ти платам за секс.) * Барам некој кој добро ќе се грижи за мене. (Барам некој кој ќе ми плати за секс.) * Нормален дечко бара нормални дечки. (Досаден, потпросечен дечко бара натпросечно убави, интелигентни и надарени дечки.) * Не ми е битен изгледот. (Барам згоден дечко, на кого нема да му биде битен изгледот.) * Во врска сум и не барам ништо, само пријатели. No pic – no reply. (Барам повремен ебач за поволни прилики) * Ние сме во стабилна врска, но повремено го делиме креветот со трети. (Ние сме во монотона врска. Повремено имаме и секс, ама само тогаш кога ќе ни се приклучат и трети.) * Тука сум за склучување нови познанства и дружења (Барам нови ебачи.) * Не знам зошто сум тука. Онака, без врска. (Глуп сум.) * Многу е досадно ова. Се е досадно.. (Пиши ми за да ти биде и тебе досадно) * Не знам што да напишам овде за да попунам 50 карактери. блаааа (Немам никаква фантазија и креативност, ниту за пишување, ниту за муабет. Тапа сум.) * Здраво, јас сум дечко и би сакал да запознаам ок дечко за повремени средби. (Се уште не знам дека се наоѓам на геј дејтинг сајт.) * За сите детали што ве интересираат, слободно прашајте, ќе дознаете. (освен за вистинското име, возраст, професија, место на живеење и се останато.) * Овде има само алапачи и оговарачки тетки. (А јас поминав многу време со нив, затоа ти кажувам од искуство.) * Надвор од сцената сум. (Не искачам по геј кафичи, бидејќи сите ги затворија.) * Смачено ми е од сцената. (Ги поминав сите од таму.) * До сега сум запознал само неколку дечки. (Кога ќе влезам во Бони, сите ми мафтаат.) * Пробајте ме, нема да се каете. (До сега многу ме пробале и никој не се ми се јавил повторно за да се пожали.) * Мразам тупење и долги муабети. (Ќе ти рипнам на кур веднаш штом те видам. И немам никакви социјални вештини.) * Имам слика на мсн. (Глуп сум и не знам како да upload-ирам слика на сајтов. ИЛИ Грд сум, но се надевам дека на мсн ќе имаш трпение за уште некој изговор. (види во рубрика чат подоле)) * Постојат многу други начини да се најде партнер, а не преку интернет. (Не умеам да препознаам контрадикција дури и да ме ѕвекне по глава.) Бонус: Не се фалам самиот себе, но дечко како мене нема да најдете во животот. * Многу пати сум бил повредуван во минатото. (Никој не сака да има врска со мене.) * Обиди се да ме запознаеш вистински и да дознаеш каков сум. (Бидејќи првиот впечаток неизбежно ќе биде катастрофален.) Откако така фино ќе се снајдете по профилите и ќе го изберете вистинскиот, разменувате мејлови со дечкото и идете на мсн, каде ве чека нов предизвик за дешифрирање: * здр асл (Не сум користел интернет од времето на мирц) * Што си? (Кога се ебеш претежно примаш кур во гз или им го ставаш на други?) * Веднаш се враќам. (Нема да се вратам.) * Чекај секунда, телефон. (Нема да се вратам во догледно време, бидејќи чатам со некој поинтересен.) * Извини, но не барам секс. (Не барам секс со тебе.) * Ти се премногу фин дечко за да се сведе само на секс. (Грд си.) * *ненадејно исклучување по покажана слика* (Многу си грд.) * Убавината е субјективна. (Грд сум.) * Немам слика сега, бидејќи сум во интернет кафе. (Грд сум. Фотошоп не помага.) * Прво ти прати слика. (Грд сум и немам намера да ти пратам слика, освен ако ти не си погрд од мене.) * Од принцип не праќам слики преку интернет. (Многу сум грд.) * Би сакал да те запознаам подобро. (Би сакал да се ебеме.) * Имаш убава насмевка. (Би сакал да се ебеме.) * Јас сум аматер фотограф и би сакал да те фотографирам. (Би сакал да се ебеме и да се сликаме за еден порно сајт каде што придонесувам.) * Помини на кафе. (Помини да се плеснеме.) * Помини на кафе, без секс. (Помини да се плеснеме.) * Помини на кафе, без секс, ветувам. (Помини да се плеснеме.) * Прифаќам интересни предлози за искачање вечер. (Многу ми се ебе вечерва.)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment